Првиот доказ за украсување на новогодишна елка датира од единаесеттиот век. Во Германија елката ја украсувале со црвени јаболка, а во Западна Германија со колачиња со различни форми и свеќи, кои се симбол на Христос и вечна светлина.
Овој ритуал низ вековите се шири низ цела Европа. Во Англија првата елка била украсена од принцот Алберт во 1841 година. Била украсена со подароци, панделки, хартиени цветови и бонбони. Многу брзо овој убав обичај се воспоставил и преминал од високата класа на обичниот народ.
На почетокот на зелените гранчиња се ставале јаболка, потоа колачиња, ореви, суви сливи и урми, машнички. Легендата вели дека еден германски дувач на стакло бил многу тажен бидејќи немал пари да купи украси за елка што може да се јадат за своите малечки, па решил да направи стаклени топчиња. Неговите украси предизвикале вистинско воодушевување кај луѓето, а дувачот со текот на времето се збогатил.
Украсувањето на новогодишната елка завршува со поставување на ѕвезда одозгора, што го означува почетокот на празничната атмосфера во нашите домови.
Ѕвездата на врвот на елката традиционално се поврзува со божиќните прослави, се пее во многу песни и го претставува најважниот настан во историјата на христијанството, раѓањето на Исус Христос.
Легендата вели дека еден ангел, во времето кога се родил Исус, жалел што елката немала плод и што не можел, како другите што дошле да му се поклонат на Божјиот Син, да му даде нешто, па зел ѕвезда од небото и ја ставил на врвот на елката, а елката се свиткала и му ја дала на бебето Исус.
Во официјалната христијанска историја, забележано е дека во времето на раѓањето на Исус, на небото се појавила сјајна ѕвезда, „Витлеемската ѕвезда“, која го најавила раѓањето на Божјиот Син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.