На тригодишното момче кое беше пронајдено напуштено на гробиштата со своето куче два дена пред католичкиот Божиќ, заедницата во Охајо, во соработка со полицијата му ја врати насмевка на лицето со бројни подароци што ги собраа за него.

Заедницата во Охајо се крена на нозе откако на 23 декември беше објавено дека полицијата пронашла тригодишно момче. Очевидецот и рекол на полицијата дека забележала момче, идентификувано како Тони, како трча по синиот автомобил додека возилото се оддалечувало од гробиштата, пренесува „Фокс њуз“.

Тони е сместен со згрижувачко семејство во областа Медина. Истражителите ги пронашле неговите родители, а центарот рекол дека таткото бил „многу кооперативен“.

Таткото на момчето повикал полиција откако член на поширокото семејство видел фотографија од неговиот син објавена од локалните медиуми и го известил. Тој им рекол на истражителите дека момчето било со неговата мајка во моментот кога го напуштила.Таткото на Тони и полицијата се вратиле на гробиштата и го нашле кучето. Не е поднесена пријава против мајката на момчето.

Приказната за момчето ги скрши срцата на луѓето и многумина веднаш решија да го развеселат момчето барем малку со подароци. Полицијата објави фотографија од собраните подароци на Фејсбук и и се заблагодари на заедницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.