Самохран родител во Македонски Брод со месечни примања од 7000 денари се грижи за деветчлено семејство со 8 малолетни дечиња.

Родителот вели дека нема никакви други приходи од државата освен нецели 120 евра кои ги добива од локалното училиште како домар.

Во отсуство на системска грижа за него и осумте дечиња вчера хуманитарна помош му доставиле млади членови на опозицијата.

Успешно ја реализиравме хуманитарната акција на која повикавме пред недела дена.
УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Македонски Брод, организираше и спроведе хуманитарна акција во село Црешнево, општина Македонски Брод, каде го посети 9-членото семејство Цветаноски и донираше прехрамбени продукти, средства за хигиена, облека и мал дел од училишен прибор. Ова семејство живее во скоро распадната куќа, без нормални услови за живот.
УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Македонски Брод ќе продолжи и понатаму со вакви активности, планирано и организирано, со што ќе даде свој придонес во хуманитарни цели, а со тоа ќе даде импулс и иницијатива за локалните и државните институции да се приклучат повеќе кон ваквите активности”, објави унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Во видеото таткото го дава мобилниот телефон на кој тие што сакаат можат да контактираат за давање помош.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.