Млад брачен пар и покрај сите забрани, предупредувања и насоки, решил да направи свадба, притоа загрозувајќи го животот на повеќе од 100 гости. Свадбата била одржана на 12 септември во Меџимурската жупанија во Хрватска, и како типична балканска свадба, на неа биле поканети стотици гости од потесните семејни кругови на невестата и младоженецот.
Меѓутоа, набрзо после свадбата, на гостите дефинитивно не им било до славење, имајќи во предвид дека свадбата била жариште во кое се заразиле најамлку 120 луѓе, но хрватската власти се уште трагаат за вкупниот број, како и контактите кои ги имале гостите на оваа свадба.
На прашањето што мисли невестата околу бројот на новозаболени кои биле резултат на нејзината одлука да ја одржи свадбата, таа одговорила “Не сакам да се замарам со тоа”.
Иако дел од луѓето кои коментирале за спорната свадба во Хрватска се обидоа да ја бранат невестата и нејзината одлука и покрај новонастаната ситуација да се одржи свадбата, дел од нив остро ја критикуваа одлуката на младенците.
“А што, да не треба да се набави термометар па да се мери температура на влез”, гласеше еден од коментарите под објавата за веста за несекојдневната свадба во текот на новонастаната ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.