Почина Филип Алексовски, член на „Моделс Ин“, а веста за неговата смрт ја потврди и Алек Наумовски, првиот човек на македонската модна агенција.
Филип на први октомври ќе наполнеше 28 години. Роден е во Скопје, а со манекенство почнал да се занимава во 2008 година. Беше често ангажиран поради специфичниот изглед со кој им пркосеше на стереотипите во модната индустрија.
Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети како одговорност, прецизност и посветеност, Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик, а јас лично како квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија е што беше дел модната приказна на „Моделс Ин“ повеќе од 10 години – вели Алек Наумовски за порталот „Stylist.mk“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.