На принцот Хари, војводата од Сасекс, му е отстранета титулата Негово Кралско Височество на веб-страницата на британското кралско семејство, три години откако тој прекина да ја врши должноста како член на кралското семејство.
„Royal.uk“ сега ги наведува принцот Хари и Меган како војвода од Сасекс и војвотката од Сасекс на страниците со нивна биографија, додека другите членови на кралското семејство ги имаат титулите Негово или Нејзино кралско височество, објави британски „Times“.
Портпаролот на Бакингемската палата за „Дејли мејл“ изјави дека страницата содржи над 5.000 страници со информации за животот и работата на кралското семејство, дека по смртта на британската кралица Елизабета Втора, содржината била преиспитувана и повремено ажурирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.