Во светските медиуми минатата недела беше објавено дека 93-годишната кралица Елизабета Втора боледува од леукемија. Според „Глоуб“, пак, кралицата веќе го испланирала својот погреб, а наводно на нејзиниот 35-годишен внук Хари и неговата три години постара сопруга Меган Маркл им е забрането да присуствуваат.

Нејзиното Височество ги живее своитте последни денови, но таа не се предава до последниот здив – рече наводен и неименуван висок извор од палатата, се вели во таблоидот.

Изворот на таблоидот додава дека таа им забранила на Меган и на Хари да присуствуваат на нејзиниот погреб.

Тоа е поради одлуката да го напуштат дворецот, но капката што ја прелеа чашата е фактот што тие не му се придружија на остатокот од семејството за Божиќните празници. Кралицата бара тотална лојалност, а Меган и Хари очигледно ја изневерија, заклучува изворот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.