Принцот Филип беше погребан вчера. Неговото семејство достојно го придружуваше до вечното почивалиште и во согласност со епидемиолошките мерки и неговите желби.

Принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета, е погребан во кралската крипта во капелата Св. Орџ, пренесен од замокот Виндзор со „ланд ровер“ што тој самиот помогна да се редизајнира за неговото збогување.

Поранешниот поморски офицер го планирал својот погреб со воена прецизност. Не оставајќи ништо на случајност. Но, без многу помпа како што тој самиот бараше.

Поради строгите епидемиолошки мерки, на само 30 лица им беше дозволено да присуствуваат. Меѓу нив беше и потесното семејство на принцот. Деца и внуци со партнери. Неговите тројца внуци. Потомци на неговите сестри од Германија. И добрата другарка грофицата Маунтбатен од Бурма, поканета од кралицата.

Внатре во капелата, членовите на семејството седеа под маски почитувајќи ги строгите епидемиолошки мерки. Растојание од два метра.

Кралицата Елизабета седеше сама. Интересно, поради обичаите и традициите датирани од минатото, принцовите Чарлс, Вилијам и Едвард и принцезата Ана, како и внуците Вилијам и Хари, требаше да носат воени униформи на погребот, заради воените чинови што ги имаат. Но, овој пат не беше така. Наместо во униформи, тие беа облечени во „облека за жалост“.

Оваа одлука ја донесе кралицата за да го спаси срамот на принцот Хари, кој беше лишен од почесните воени чинови по „Мегзит“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.