Новинарот и советник за односи со јавност во Општина Штип, Драган Ристов поради компликации од коронавирусот е хоспитализиран во приватната клиника Жан Митрев. За медицинскиот третман потребни се финансиски средства.
Денеска е објавен мобилен телефон на Телеком 070 143 130, на којшто граѓаните со еден повик можат да донираат по 100 денари.
Семејството, роднини, пријатели и колеги на Ристов викендов споделуваат и апел за помош на социјалните мрежи, а на кој е напишана жиро сметка.
-Семејството Ристови, со своите просечни месечни примања не е во можност самостојно во целост да ги обезбеди сите средства за ова лекување. Поради ова ви се обраќаме со молба за финансиска помош, стои во апелот.
Сметка за донации 300087019209480 Комерцијална банка на име на неговиот брат Ангелко Ристов. Телефонски број за контакт 070 670 501.
Ристов има 47 години, татко е на две деца, долгогодишен новинар, сликар и советник за односи со јавност во Општина Штип. На македонската јавност и е познат по тоа што секоја година е одговорен и за прес конференциите на Фестивалот за забавна музика „Макфест”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.