Норвешката полиција на брегот го пронајде телото на бебето кое лани исчезна во Ламанш.
Момчето Артин, на возраст од година и три месеци, како и неговото четиричлено семејство, исчезнаа откако потона брод со кој од Франција оделе за Велика Британија.
Курдско-иранското семејство се обиде од Франција да премине во Велика Британија.
Телото на момчето е пренесено во Иран, за да биде погребано.
Најдено е на југозападниот брег на Норвешка во близина на Кармоја на Нова година.
Стручњаците од Одделот за форензичка наука од Универзитетската болница во Осло успеаја да го пронајдат според одговарачка ДНК, се наведува во полициското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.