Неколку часа по венчавката Џејми Принс и нејзиниот сопруг Пол Кирван (29) доживеале вистински шок. Сите подароци кои ги добиле на свадбата, плус БМВ-то на момчето, им биле украдени.
Освен тоа, украдени им биле сите пари кои сакале да ги потрошат на свадбеното патување во југоисточна Азија, но и потврдата за брак.
Двојката се венчала во изнајмен луксузен имот во градот Селби, Англија, па при првата брачна ноќ, се случил немилиот настан.
Бевме одушевени од денот на свадбата, но потоа не известија за кражбата и провалувањето во три простории на имотот. Никој повеќе не размислуваше за венчањето, туку само за штетата, раскажува невестата. – Ги замоливме луѓето присутни на венчавката да ни дадат малку пари за меден месец и тие ставаа колку што можеа во металното заклучено ковчеже. Внатре имаше сигурно 1.000 фунти, додава таа.
Крадците ги украле и сите инструменти на бендот што свирел на свеченоста, а во кој член бил и братот на невестата. Полициската истрага е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.