Основачот на компанијата Амазон и најбогатиот човек на листата на Форбс се разведува од сопругата после 25 години брак, а ќе мора да и исплати околу 70 милијарди, што е половина од неговото богатство.
Џеф Безос(54), чие богатство е проценето на 140 милијарди долари, ќе мора своето богатство да го подели на половина со сопругата Мекензи, бидејќи немале предбрачен договор, а исплива дека и бил неверен.
Според пишувањата на медиумите, Безос е фатен во неверство со водителката Лорен Санчез, на која и праќал компромитирачки пораки и голишави селфи фотографии на кои се фалел со величината на својот полов орган и ветувал дека нема да биде нежен.
Наводно таа тие пораки ги препраќала на своите пријателки, па на крај истите стигнале во јавност, што создало проблеми во врската на најбогатиот човек на светот и водителката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.