На еколошката акција „Генералка викенд“ која се реализираше во мај во Македонија се собраа 175.181 килограми разновиден отпад. Како резултат на акцијата во Македонија ќе се засадат 17.500 дрвја.

Од 6 до 16 мај, илјада учесници организирано чистеа на локации во Дебар, Демир Капија, Гевгелија, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Штип, Струмица, Охрид и Велес, при што биле собрани вкупно 175.181 килограм отпад. Секој учесник – од дете до возрасни – собрал во просек 11,8 кг отпад со своја рака.

Армијата на Македонија заедно со општините, невладините организации и спасувачките екипи собраа повеќе од 726 m³ разновиден отпад со просечна проценета тежина од 225 кг по m³! Заедно вкупно собравме 175.181 килограми, велат организаторите, Гордана Софија и Ханес Јекл, односно „Мен енд маунтен“, кои за генералката ангажираа мала армија на чистачи, во која придонесоа АРМ, невладини организации, општини, спортски клубови, еколошки друштва и најмалите, таканаречени сончеви пионери.

За секои десет килограми отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донира по едно дрво, една садница, што ќе бидат засадени во област каде ќе расте таа шума. Точната локација на Сончева гора ќе биде објавена летово.

Садењето на шумата е вториот дел од проектот „Зелена сончева“ и ќе се одвива во ноември“, велат Софија и Јекл, кои сега ги објавија официјалните резултати од чистењето.

Додаваат дека отпадот беше собран, измерен и рециклиран од „Пакомак“, а секој учесник во просек собрал по 11,8 килограми.

Сакаме ‘Зелена сончева‘ да прерасне во традиција секоја пролет, со цел еколошка обнова на земјата“, најавуваат Софија и Јекл.

„Зелена сончева“ треба да прерасне во национална традиција секоја година: секоја пролет ќе биде одреден викенд кога граѓаните ќе ја чистат од отпад нивната околина и за секои 10 килограми отпад секоја есен ќе биде засадено по едно дрво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.