На денешен ден 1972 година во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, кој е осветен на 12 август 1990 година.
Црквата е дело на архитектот Славко Брезоски. Таа е од тип ротонда, со димензии 36 x 36 м. и се состои од само од куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1.000 м². На тој простор може да се соберат речиси 6000 верници. Главната црква му е посветена на Св. Климент Охридски, а долната црква на св. Богородица. Од капелите, едната им е посветена на Цар Константин и царицата Елена, а другата на светиот маченик Мина. Кога ќе се влезе во внатрешноста на црквата, особено внимание привлекува иконостасот што е направен од дабово дрво. Основен мотив на резбата е флората- лозови листови, афионови булки и желади. Димензиите на иконостасот се 19,5 м во должина и 12,5 м во висина. Иконите што се сместени во него се насликани од Ѓорѓи Даневски и Спасе Спирковски.
На денешен ден 1972 година во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската…
Posted by Македонија Денес on Thursday, April 23, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.