Дејан Бодирога, поранешен српски кошаркар, направил голем сообраќаен прекршок кога бил фатен како вози 174 километри на час во Белград на место каде што ограничувањето е 80 км на час.

На славниот српски спортист му се заканува затворска казна од 15 дена, 15 казнени поени и осуммесечна забрана за возење. По инцидентот во Нов Белград, Бодирога не се огласил.

Бодирога е еден од најдобрите српски кошаркари што некогаш играле во НБА. Во својата долга кариера играл за Пролетер, Задар, Трст, Олимпија Милано, Реал Мадрид, Панатинаикос, Барселона и Виртус Рома, а со националниот тим бил двапати светски шампион (1998 и 2002 година) и три пати европски шампион (1995, 1997 и 2001.).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.