Во хрватските медиуми и на социјалните мрежи се уште се шпекулира за тоа каде и како почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.
Засега единствено што е сигурно е дека смртта на градоначалникот на Загреб е предизвикан од инфаркт, што довел до акутна аритмија, а причината за масовниот срцев удар е, како што неофицијално дознава „Хрватски лист“ – мешање на кокаин и виагра. Имено, според весникот, тоа било пронајдено во крвта за време на обдукцијата.
Сè уште е нејасно каде починал Бандиќ. Имено, најпрво имало информација дека починал во неговиот стан на улица „Бужанова“, потоа имало верзија според која починал додека бил со пријателот Сергеј Ивановиќ во друг дел од градот, а потоа „Индекс’ открил дека брзата помош дошла да го земе Бандиќ на адресата каде живее неговиот близок соработник, Наталија Прица, која е на пет минути оддалечена од куќата на Ивановиќ.
Изјавите на неговите најблиски соработници, кои не можеле да се договорат за тоа каде бил Бандиќ, како и каде умрел, додадоа уште повеќе сомнежи во целата приказна.
Во првите изјави, пријателите на Бандиќ тврдеа дека тие повикале брза помош, но наскоро се дознало дека директно го повикале шефот на брзата помош Жарко Рачиќ, кој дал упатства за брзата помош. Зошто Брзата помош не била повикана директно, но повикот дошол од шефот на Брзата помош, со кого Бандиќ всушност ги поминал последните часови, дали Брзата помош можела да дојде порано и да му обезбеди на Бандиќ помош на време – сето тоа се прашања на кои сè уште нема прецизни одговори.
Сепак, во последните неколку дена во медиумите се појави веста дека брзата помош за Бандиќ дошла ноќта на 27 февруари на адресата на која живее неговата блиска соработничка Наталија Прица во последните неколку месеци.
Бандиќ почина ненадејно на 28 февруари, на 66-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.