Ненад Пауновиќ од Панчево, Србија, тврди дека за време на големите православни празници на челото му се појавува крст кој крвари, а и лекарите и свештениците не знаат што се случува.
Оваа година крстот му се појави на Бадник. Најпрво му се појавил црвен круг, а потоа на Божиќ му се формирал крст од кој течела крв помешана со лимфа.
Ненад вели дека тоа му се случува веќе 10 години од денот кога бил кум на крштевање на својот пријател. За време на обредот свештеникот со крстот поминал на неговото чело и тогаш почнало да го пече и да му тече лимфа, а по еден час се појавил и крстот.
Отишол во болницата да го прегледаат, па се вратил до свештеникот да го земат маслото за да проверат од што се’ состои, да не е алергичен на нешто. Но во прашање било обично масло за јадење. Направил анализи и дали е алергичен на нешто, но резултатите биле негативни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.