Самохрана мајка од Теарце ненадејно починала на 38 години, сподели пратеникот Влатко Ѓорчев, според чии неофицијални податоци, таа починала од згрутчување на крвта.

Станува збор за Верица Зафироска, наставничка и претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Теарце.

Видете на нејзиниот „Фејсбук“ каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица. До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2-3 часа пред да почине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца. Патувај кон небото, македонска душо. Ние ќе ги продолжиме твоите македонски идеали и ќе бидеме тука за твоите 3 мали ангели што ги остави зад себе, вели Ѓорчев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.