Блескавата точка што ќе се појави на небото на 21 декември е предизвикана од редок феномен! Имено, Јупитер и Сатурн ќе се доближат толку многу што ќе се однесуваат како да се судираат на ноќното небо. Кон крајот на 2020 година, Сончевиот систем „одлучи“ да нè израдува со новогодишно космичко чудо. На 21 декември 2020 година (декемвриска краткоденица), ќе бидеме сведоци на нешто што не е видено во последните 800 години. Јупитер и Сатурн ќе се усогласат во своите орбити на таков начин што на ноќното небо, од некоја точка на Земјата, тие ќе се однесуваат како да се судираат и ќе создадат блескава точка на небото. Овој феномен е познат како „Витлеемска ѕвезда“ или „Божиќна ѕвезда“.
Порамнувањата на овие две планети е многу ретко. Тоа обично се случува еднаш во 20 години и обично поминува повеќе време додека дојде до нивното спојување, доближување.
Овој спој, кој ќе се случи сега на 21 декември, е навистина исклучителен и редок поради толку блиското порамнување на овие две планети – потврди за Форбс Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс. За време на овој настан, кој исто така се нарекува Голема конјукција, Сатурн ќе биде оддалечен 10 AЕ (астрономски единици) од Земјата, додека Јупитер ќе биде оддалечен 5 AЕ и ќе изгледа дека се помали од дијаметарот на полна Месечина.
За да бидете сведоци на оваа појава на 4 декември, погледнете го југозападниот дел на небото околу 45 минути по зајдисонцето. Планетите ќе бидат најблиску на 21 декември, но „Божиќната ѕвезда“ ќе биде видлива од каде било на Земјата во текот на целата четврта недела од декември.
Според астрологот Сузан Милер, големата конјукција во наредните 20 години ќе влијае на уметноста, музиката, театарот, книжевноста, модата, храната, науката, политиката. Со други зборови, ќе влијае позитивно на сите.
Сите кои ќе ја пропуштат оваа астромонска можност, ќе имаат уште една можност во 2080 година. После тоа нема да има друга можност до 2400 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.