Пет лица завршиле во болница откако маж од Сибир ја запалил куќата на својата поранешна девојка. Русинот во обид да ја врати саканата, зготвил план како да го запали местото каде таа живеела, а потоа да ја спаси и да испадне херој на денот.
Русинот сега се соочува со казна од пет години затвор.
„Несреќниот Ромео“, како што го нарекуваат руските медиуми, на полицијата им кажал дека бил под влијание на алкохол кога ја запалил куќата.
Подоцна полицијата го пронашла Русинот во една од околните кафеани и го уапсила. Властите против него покренале кривична истрага, прогласувајќи го инцидентот како хулиганство. Видеото од неговата изјава може да го погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.