Сè поголем број луѓе прифаќаат минималистички стил на живот и се одлучуваат да живеат во што помали домови користејќи само најпотребни работи. Овој тренд со голема брзина се шири по целата планета, а Французинот Џереми успеал да изгради своја куќа од соништата за само 9.000 долари.
Откако одлучил дека куќата и животот во Париз се преценети и прескапи за одржување, францускиот фотограф Џереми Бучхолтс побарал своја куќа од соништата во Бордо, Франција.
На негова жалост, бил шокиран кога видел колку малку може да добие за парите кои ги имал. Сепак, по некое време, среќата конечно му се „насмеала“. Во весниците видел една гаража од 40 квадратни метри која можел да си ја дозволи.
Уследило неколкумесечно реновирање, но крајниот резултат ќе ве воодушеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.