Шпанската актерка и водителка Ана Обрегон (65) преживеа вистинска семејна драма.

Имено на актерката и починал синот Алекс Лекио откако се борел со ракот, пренесуваат странските медиуми.

Тој починал на 27 годишна возраст, а со ракот се борел последните две години.

Неодамна бил примен и во болница во Барселона каде му било закажано ново лечење, а претходно се лекувал во САД и од таму често споделуваше фотографии на социјалните мрежи каде објавуваше мотивациони пораки за сите луѓе кои се наоѓаат во тешки ситуации.

Се е работа на ставот и тоа ќе го разбере секој кој се наоѓа во моја ситуација. Луѓето различно реагираат кога имаат проблем. Имам поддршка од семејството и пријателите, а мојата мајка е неверојатна жена – рече неодамна Алекс со што растажи многумина негови следбеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.