Драматична снимка од Грција, на која се гледа како екипажот на брод спасува девојче кое плови само на гума во форма на еднорог, далеку од брегот. Драмата започнала откако мајката го ставила девојчето на душекот а додека таа на кратко го тргнала погледот, душекот бил зафатен од силни струи кои го однеле девојчето кон длабоко.
За миг, додека спасувачите втрчале во водата, детето веќе било на 100 метри од плажата во градот Антирио, во западна Грција.Тие веднаш го повикале пристаништето за да се издаде предупредување за крајбрежната стража и бродови да започнат потрага по детето.
Преплашеното девојче кое викало, а потоа занемело од шок било здогледано од патници на траект на околу 500 метри од брегот. За среќа траектот не се движел брзо бидејќи се приближувал на пристаништето.
Девојчето седело тивко на душекот, а на рацете имало гумени мускули. Кога екипажот со ферибот го извадил од водата, девојчето останало мирно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.