Ако Хари го прифати американското државјанство засекогаш ќе ја загуби титулата принц!
Меган Маркл и принцот Хари неодамна ја напуштија Велика Британија и најпрво се преселија во Ванкувер, а потоа се упатија кон Лос Анџелес.
Но, странските медиуми прогнозираат дека оваа одлука негативно ќе влијае на Хари, бидејќи сметаат дека тој поради овој потег засекогаш би можел да остане без кралската титула.
Американскиот закон вели дека личност која го прифаќа државјанството мора да се откаже од титулата стекната со раѓање во некоја друга држава.
Иако потпиша дека титулата веќе нема да ја користи, Хари не го загуби правото на неа.
Сепак, ако се согласи на странско државјанство, остатокот од животот ќе го помине како „обичен граѓанин“ на САД.
Интересно, американски државјанин може да прими некоја титула, па така Меган не го загуби државјанството откако се омажи за принцот Хари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.