Најголемото пророштво од кое стравуваат многу луѓе е тоа дека на човештвото му се подготвува Трета светска војна, која ќе трае триесет години. А еве што предвиде пророкот за 2020 година.

Доналд Трамп повторно ќе биде избран за претседател, но ќе се најде во опасност.

Америка ќе ја погодат силни потреси, особено Калифорнија и тоа во текот на јуни и јули.

И Европа не е побезбедна од потреси. Иако не предвидел кога точно ќе биде земјотресот, наводно ќе биде во Турција и ќе биде со јачина меѓу 7 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Глобалната економија повторно ќе биде во криза. Нострадамус ја предвидел кризата во 2008 година, а истото го предвидува и за 2020 година. Стартер за новата економска криза ќе биде токму Велика Британија, која ќе го реализира брегзит и ќе излезе од Европската Унија. Нострадамус дури предвидува дека целото Обединето Кралство би можело да се распадне.

Тој исто така предвидува дека монархот „кој најдолго владее ќе умре“.

Освен големите земјотреси во Европа и Америка, Нострадамус предвидува страшни пожари во Грција, Поетугалија, Шоанија, Холандија, германија, Франција и Хрватска. За Америка предвидел и силни бури и торнада.
За 2020 година Нострадамус го предвидува и она од што многумина се плашат веќе со години – растопување на ледниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.