28- годишниот Тоник Туркханбег седел во автомобилот кога слушнал детски вресок. Здогледал мало дете како плаче на прозорецот на петтиот кат од зградата. Момчето инстиктивно потрчало кон зградата за да го фати.
Детето паднало врз момчето и го преживеало падот. Докторите потврдија дека и двајцата се добро и немаат сериозни повреди.
Кога го здогледав на прозорецот, тој веќе паѓаше. Не размислував, истрчав и го фатив. Не знам што се случи потоа. Кога се разбудив, полицијата и спасувачите беа околу нас – вели храброто момче
Настанот се десил во кинескиот град Џунинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.