Извесен професор Велимир Абрамовиќ, кој гостувал на „Кирилица“ на српската ТВ Хепи изнел чудна теорија дека војната на екс ју просторите започнала 1984 година, по еден мал познат настан кој се случил во Сараево.
Анатол Франс напишал роман за Бенџамин Дизраел, некогашен премиер на кларицата Викторија. Бев вчудоневиден од две реченици кои ги изговори Дизраел, и мислам дека се точни. Тој рекол дека во Европа владеат тајни друштва и кога народот би знаел како изгледаат луѓето кои имаат моќ, тие не би им верувале.
Абрамовиќ уште додал дека војната во СФРЈ езотериски гледано започнала во 1984 година, кога во собраниската сала во Сараево биле донесени заветни свеќи кои не биле палени од Првата светска војна. Свеќите ги донела некоја госпоѓа Вандербилт. Абрамовиќ тврди дека тогаш и таму таа ноќ се одржувал масонски состанок кој траел цела ноќ. Дури тогашниот градоначалник на Сараево рекол дека цел свет бил во Сараево, а него никој не го поканил. На тој состанок биле тогашниот норвешки крал Олаф Петти, војводатата од Кент, сегашниот цар на Јапонија Аки, тогаш принц.
Уште почудно е тврдењето на овој професор дека и погребот на Тито, не бил погреб.
Ние мислевме дека тогаш сите оние луѓе од странство дошле поради Тито. Но не, тие дошле да затворат еден проект и да отворат нова страница. Знаете, историските настани не можете да ги познавате без познавање на историјата на езотериските идеи. Еве на пример молитвениот појадок во САД. Сие мислат дека тоа претседателот на САД ги повикува луѓето на појадок, а во суштина ги кани Методистичката црква. Неа таму ја основал еден монах Норвежанец, рекол Абрамовиќ во „Кирилица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.