Британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд симболично се заклучи во огромен кафез за птици пред судот Олд Бејли во Лондон во знак на поддршка на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж кој се бори против екстрадиција во САД.

Таа од кафезот висок околу три метри побара Асанж, кој се наоѓа во притвор во Велика Британија да биде ослободен. Сослушувањето за екстрадицијата на основачот на Викиликс во САД е закажано за 7. септември.

Американското министерство за правда инаку покрена обвинение против Асанж кој се товари дека сторил 18 кривични дела кои опфаќаат и заговор за хакирање на државни институции и шпионажа.

Минатата година американските власти започнаа со процес на екстрадиција на основачот на Викиликс, инаку државјанин на Австралија кој после речиси седум години колку што ги помина во еквадорската амбасада во Лондон, беше приведен од британската полиција.

Минатата седмица беа поднесени нови обвиненија против Асанж кој се товари за нови кривични дела и сега опфаќа обвинение за регрутирање на хакери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.