Времето на празниците може да биде многу стресно како за домашниот буџет така и за припремата и еуфоријата.
Фенг шуи не само што помага во украсувањето на домот и придонесува за благосостојбата, туку ни нуди совети за тоа како да ги уредиме новогодишните и божиќните декорации за да создадеме позитивна енергија во нашиот дом.
Ако мислите дека е сосема сеедно каде ќе ја поставите елката и како ќе ја украсите, се лажете! Местото на елата во согласност со фенг шуи е од исклучителна важност, бидејќи тоа ќе донесе хармонија во домот.
Каде да ја поставите елката
Зимзеленото дрво ја симболизира долговечноста и пријателството. Според сертифицираните фенгшуи практиканти, триаголниот облик на новогодишната елка се смета за симбол на оган, а најдоброто место за овој симбол е во просторијата што го зафаќа горниот лев агол на вашата куќа. Овој простор се смета за „површина на богатството”, а триаголни облици и предмети изработени од дрво се особено силни. Ставањето на елка на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.
Исто така, добри места за Новогодишни елки главно се сите агли на вашиот дом или централниот дел од куќата, каде што енергијата ќе се стабилизира за време на овој „зафатен“ дел од годината.
Во случај елката да сте ја поставиле на север, украсете ја со стаклени декорации во сина, бела, сребрена и златна боја.
Елката на западната или северозападната страна би требало да биде во бели, сребрени, златни и жолти тонови, а никако не во црвени.
Во случај елаката да се наоѓа на југозападната или североисточната страна на вашиот дом, поволно е декорацијата да е во жолти и црвени тонови и многу керамички украси, додека белата и сребрената боја не се препорачуваат.
Со цел таа да придонесе за подобар семеен однос, препорачливо е секој член да стави најмалку една декорација на дрвото, бидејќи на тој начин членот ја поставува и својата лична енергија. Каде и да го ставите дрвото, осигурете се дека не го блокирате протокот на енергија низ вашиот животен простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.