Професионалниот ММА борец, 41-годишниот Диего Гарихо, познат како Дос Пистолас (Два пиштоли) на „Инстаграм“ се отвори за неговата дополнителна страст – облекување како жена и настапите во клубската драг-сцена во Сан Диего.
Гарихо, по потекло од Гванахуато, Мексико, ја започнал својата кариера во ММА во 2006 година, остварувајќи импресивни седум победи пред да биде принуден да се повлече поради тешка повреда на окото. Исто така, постигнал одлични резултати во боксување без ракавици.
Но, ниедна борба во рингот, вели тој, не го мотивирала колку животната борба.
View this post on Instagram
Боречките вештини ни ја покажуваат убавината на луѓе кои пребродуваат големи пречки и отпор. Во драг станува збор за надминување на токсичната машкост. Обоените транс-лица се меѓу најугнетените луѓе во светот, со забележани највисоки стапки на самоубиства. Тие треба да бидат поддржани наместо маргинализирани, вели Гарихо, кој на овој начин сака да ја подигне свеста во јавноста за трансексуалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.