Младоженец од Индија почина од последици на коронавирус два дена по свадбата на која дури 95 гости се заразиле од смртоносниот вирус. Мажот (30), чие име не е наведено, наводно имал симптоми на коронавирус и бил болен кога се венчал во индиско село во близина на Патна.

Тој е кремиран без тестирање, но кога официјалните лица ги контактирале роднините кои биле на венчавката, откриле дека 15 од нив се позитивни на коронавирус, пренесува „Мирор“.

Потоа уште 80 гости биле позитивни на тестовите, што е прво масовно избивање на епидемијата во државата Бихар, пренесоа индиските медиуми.

Невестата од друга страна пак не е болна од коронавирус.

Официјалните лица велат дека свадбата, која се одржала на 12 мај, е кршење на правилата на карантин и дека се одржувала и покрај тоа што младоженецот покажувал симптоми. Исто така прекршени биле и правилата на социјална дистанца и забраната за масовни собири на повеќе од 50 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.