Млади луѓе од Струмица денеска спасија повреден штрк.
Верувале или не, денес спасуваме и штрк. Ногата му беше скршена, па ќе се потрудиме да му ја преврземе. Дечкото рече дека нема проблеми да остане кај него. Ти благодариме Аце, напишаа во кратката објава на Фејсбук на страницата Анимал Ловерс Струмица.
Тие со убав пример покажуваат дека грижата за природата, животните и птиците не е само за миленичињата, туку за целиот животински свет, стои во Фејсбук објавата.
Покрај кратката вест објавија и повеќе фотографии на нивната страница од кои објавуваме неколку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.