Четиринаесетгодишниот Бен Боткинс, ѕвезда на популарното ТВ шоу „Мастер шеф јуниор“ починал од рак, потврди неговото семејство.

Бабата на Бен, Дона Едвардс и неговиот вујко Ентони Едвардс во соопштението објавиле дека 14 годишното момче по година ипол ја загубило битката со болеста.

Младиот готвач се прослави во 2018 година кога се појавил во американската верзија на познатот кулинарско шоу.

Информацијата за неговата прерана смрт на Твитер ја сподели и познатиот готвач Гордон Ремзи, кој бил еден од судиите на натпреварувањето во кое Бен учествувал.

Бен Воткинс е од Чикаго и своите кулинарски вештини ги стекнал работејќи во ресторанот на својот татко.

Бен останал без своите родители пред три години кога татко му ја убил мајка му, па се самоубил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.