Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражанатовиќ во утринска програма на српска телевизија, зборувала за својот живот и открила доста непознати детали.

Познато е дека пејачката е голем професионалец и дека го држи настрана приватниот живот од кариерата, ама многу често со публиката и фановите споделува интимни детали. Како што тврди за себе, не е само  ѕвезда, туку обична жена, а за своја добра особина го смета тоа што е верен и предаден пријател.

Мислам дека сум добар пријател. Многу кај луѓето ја почитувам лојалноста. И тоа го научив од својот покоен сопруг. Секогаш зборуваше: Богатството не е во материјалните работи. Млада си и ќе сфатиш со време дека најголемо богатство секогаш и засекогаш ќе биде твоето семејство и лојалните пријатели. И биди среќна ако можеш за цел живот да издвоиш два вистински, лојални пријатели. И тоа е вистина – изјваила Цеца присетувајќи се на зборовите на својот покоен сопруг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.