Скилир Хинкс, 23-годишна пејачка и учесничка во талент шоуто „Америка има талент“ е пронајдена мртва во куќата на нејзината пријателка во Јужна Каролина.

Трагичната вест за американските медиуми ја потврдила нејзината мајка. Засега не е објавена причината за смртта, а се наведува дека Скилир имал големи проблеми со депресија и консумирање психоактивни супстанци.

Оваа млада и талентирана пејачка во 2013. година учествувала во шоуто „Америка има талент“, кога имала само 14. години. Тогаш ја извела оригиналната песна „Brand New Day“ и објаснила дека научила да свири на гитара додека тагувала поради смртта на нејзиниот татко.

Иако се пласирала во следната рунда, таа била елиминирана пред да настапи во живо во Њујорк. Мајката рекла дека нејзината ќерка била сакана од нејзиното семејство, вклучувајќи ги и четирите браќа и сестри, и дека ја користела својата уметност за да им помогне на оние на кои им е потребна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.