Докторката Дивна Војновска, која е прва докторка по шест месеци во местото Суќурај, на Хвар, денеска имаше полни раце работа.

Како што јавуваат хрватските медиуми, докторката дошла на радост на жителите, кои половина година биле без медицинска помош. Ниту еден доктор од Хрватска не се јавил на јавниот оглас, на кој се нудело плата, стан и 6.800 евра бонус.

Првиот ден на работа на докторката и поминалч со полна амбуланта постари пациенти, кои сакале да им измери притисок, да им препише таблети за простата или едноставно да ја запознаат новата докторка.

Околу четиристотини жители на местото Суќурај од денеска добија медицинска нега, а во анкетата велат дека се многу задоволни од новата докторка од Македонија.

Докторката Војновска за да го добие ова работно место положила државен испит, како и уште 8 испити за нострификација на дипломата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.