Претставничките на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина – Ивана Тршиќ, Наталија Глушчевиќ и Анѓелка Палексиќ, во еден момент, во програмата во живо, го заиграа Ужичко коло на изборот за мис на свет во Кина, за што добија аплауз.
Снимката од настапот на социјалните мрежи ја постави црногорската мисица Наталија Глушевиќ.
На изборот, Ванеса Понсе де Леон (26) од Мексико беше избрана за Мис на светот за 2018 година. За прва придружничка беше избрана претставничката на Тајланд, а за втора, убавицата од Уганда.
На натпреварот, кој се одржа во Санија, Кина, учествуваа 118 убавици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.