Мисиците од Црна Гора, Наталија Глушевиќ, Србија, Ивана Тришиќ и убавицата од Босна и Херцеговина, Ангела Палексиќ, минатата ноќ направија вистинско шоу на изборот „Мис на светот“ во Кина.
Имено, трите убавици од поранешните југословенски републики на сцената во градот Сања, Кина, одиграа „Ужичко коло“ и на тој начин собраа аплаузи и овации од публиката. А во оваа интересна кореографија им се придружи и мисицата на Унгарија, Андреа Шарвас.

На овогодишниот избор за мис на светот победи Ванеса Понде де Леон од Мексико.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.