Научниците од Универзитетот на Сасекс открија дека пријатен и смирувачки мирис на рози во автомобилите го намалува бројот на сообраќајните несреќи, објави “Дејли мејл”.

Колку и неверојатно да звучи, прскањето на мирис од роза може да биде не помалку важно за безбедноста на патниците, исто како ремените и воздушните перничиња. Научниците работеле со симулатор, со инсталирање уред за прсање со спреј на воланот. Се ослободувале различни мириси во опасни ситуации, како нагло запирање на автомобил или излетување на велосипедист на патот.

Направени се проверки на мириси од роза, лимон и мошус. Незгодите се намалиле најмногу – за 64%, со мирис на рози. Мошусот пак ги зголемил незгодите за 46%.

Чувството за мирис се смета за најстаро. Се активира побрзо од видот и од слухот. Затоа научниците се убедени дека распрснувањето на мириси во автомобилите може да му даде сигнал на мозокот за побрза визуелна информација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.