Легендарната актерка Мира Фурлан, која почина на 65 години во средата боледувала од западнонилска треска, објавуваат хрватските медиуми.

Поради тешката болест, последните неколку месеци била во болница каде што се борела за живот. Иако во болницатаѝ  била пружена најдобра нега, Фурлан, за жал, почина.

Западнонилската треска ѝ ја пренел заразен комарец.

Фурлан играше во славните југословенски филмови: „Татко на службен пат“, на Кустурица, „За среќа се потребни тројца“ на Рајко Грлиќ, „Киклоп“ на Антун Врдољак, „Убавината на порокот“ на Живко Николиќ, како и во ТВ сериите „Вело мисто“, „Непокорен град“ „Смоговци“, „Вучјак“”. Во САД е позната по улогите во сериите “Изгубени” и “Бабилон 5”.

Славната актерка пред пет години беше меѓу главните гости и почесни членови на главното меѓународно жири на новиот филмски фестивал „Киненова Скопје“, што се одржа во октомври, на повеќе локации во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.