Ернесто Талви, по татко Македонец, а мајка Кубанка, е нов министер за надворешни работи на Уругвај.
Како што пишува „Би-Би-Си“, Талви е економист кој се едуцирал во Чикаго, Талви е син на имигранти од Македонија и Куба. Tаткото на Ернесто, Мануел Талви, има еврејско потекло и е родум Скопје.
Обединетата македонска дијаспора му честита на изборот и порачаа дека се надеваат дека Македонија и Уругвај ќе ги зајакнат билателарните и трговски односи.
Утрово, ОМД му честиташе на Ернесто Талви, кој е од македонско потекло по татко, што стана министер за надворешни работи на Ориентална Република Уругвај. Министерот Талви има импресивно и долго искуство како политичар и економист. Му посакуваме успешен мандат како министер за надворешни работи и се надеваме дека Уругвај и Македонија ќе ги зајакнат своите билатерални и трговски односи под негово водство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.