Милијардерот Лин Kи, кинески гејмерски тајкун и продуцент на „Нетфликс“, почина на Божиќ, објави неговата компанија, а полицијата сега истражува дали 39-годишникот бил отруен, пренесува Си-ен-ен.

Управниот одбор на компанијата „Јузу“ објавила на 26 декември соопштение со кое ја потврдила смртта на основачот и претседател Лин Ки.

Директорите, супервизорите, високото раководство и сите вработени во компанијата изразуваат длабоко жалење за смртта на господинот Лин Ки, се вели во соопштението.

Колегата на Лин, 39-годишниот со презимето Ксу, е во притвор во Шангај, а властите во соопштението велат дека првпат биле предупредени за труењето на 17 декември.

Полицијата соопшти дека Ксу е „осомничен за сторено големо злосторство“.

Два дена пред неговата смрт, „Јузу“ објави дека Лин е примен во болница поради „физичка непријатност“, но дека е во стабилна состојба и закрепнува.

Се смета дека Лин, чија компанија е меѓу водечките издавачи на игри во Кина според глобалните приходи, тежи околу милијарда долари (6,8 милијарди јуани), според глобалната листа на богати во извештајот на „Хурун репорт“.

Основан во 2009 година, „Јузу“ е познат по RPG Game of Thrones: Winter is Coming.

Откако го сврте вниманието кон филмската продукција во 2014 година, Лин ги откупи правата на кинескиот научно-фантастичен роман Проблемот со три тела, а групата Јоузо обезбеди договор со Нетфликс за адаптирање на книгата во телевизиска серија во продукција на Дејвид Бениоф и ДБ Вајс, заслужни и за „Игра на троновите“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.