Џеф Безос веста дека по 25 години се разведува од сопругата Мекензи ја соопшти на 4 април 2019 година. Причината за распадот на нивниот брак е аферата на Безос со Лорен Санчез.

Како што и самиот призна, Џеф бил лудо заљубен во Лорен, а тоа не можел повеќе да го крие, па одлучил да побара развод од својата сопруга.

Кога информацијата за неговото неверство протече во јавноста, тој и Мекензи издадоа соопштение во кое јавноста ја известија дека се разведуваат, а само еден ден подоцна Лорен откри дека ставила точка на својот тогашен брак со Патрик Вајтсел.

Безос својата слобода и можност да ужива во љубовта со Лорен скапо ги плати, разводот го чинеше 28,3 милијарди долари, но и 19,7 милиони акции од Амазон.

Не е ниту чудно што Безос се заљубил во оваа фатална девојка. Лорен неодамна го прославила својот 51 роденден, а сепак изгледа дупло помладо. Нејзиното лице делува негувано, а благодарение на редовните тренинзи има идеална линија на тело.

Судејќи според насмевката која секогаш ја има на своето лице, очигледно дека милијардерот и тоа како ужива во друштвото на новата девојка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.