10-годишната ќерка на Милена загинала во сообраќајна несреќа пред 14 години, кога автомобилот управуван од нејзиниот сопруг одеднаш скршнал од патот и удрил во банкина.
Со анализа било утврдено дека таткото не бил под дејство на алкохол, ниту возел со неприлагодена брзина, а при сведочењето тој опишал дека во еден момент тој изгубил свест за време на возењето. Веројатно кочниците откажале и автомобилот во кривината само продолжил без да забави. Целото семејство е завиена во црно и никако не можеле да се помират со загубата на ќерката.
Милена не можејќи да се помири со загубата одлучила да оди кај гатачка. Кога таа ги фрлила картите на маса, телото на Милена како да западнало во шок:
Ти пред 14 години си го изгубила највредното. Несреќата не можела да биде избегната, бидејќи нејзината смрт била последица на црна магија која е фрлена врз твоето семејство. Нема да ти откривам кој е одговорен, бидејќи таа личност починала веднаш по твојата ќерка, но слушај ме внимателно, бидејќи несреќата може да се повтори, рекла гатачката која и објаснила на Милена како да се ослободи од црната магија. Не знам дали навистина тоа ја донесе смртта на мојата ќерка, но знам дека после тоа јас најдов мир во себе, иако родителот никогаш нема да си го прежали детето. Иако сум збунета и се прашувам зошто некој би направил такво нешто, благодарна сум на Бога на мирот и на мојот син кој расте жив и здрав, Милена ја завршила својата приказна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.