Микроскоп што бил во сопственост на славниот англискиот научник, Чарлс Дарвин (1809-1882) ќе биде даден на аукција во Лондон за 250.000 до 350.000 фунти, соопшти аукциската куќа „Кристи“, која на 15 декември на колекционерите ќе им понуди вредни предмети и ракописи во рамки на Неделата на класичната уметност.
Микроскопот, направен по моделот на Чарлс Гулд, Дарвин го подарил на неговиот син Леонард (1850-1943) во 1864 година. Тој бил наследен и останал во семејството речиси 200 години.
Голема чест ми е да им го претставам на колекционерите микроскопот на Дарвин, чија историја опфаќа шест генерации од неговото семејство. Инструмент од толку големо научно значење е исклучително редок, тоа е единствениот микроскоп на Дарвин ставен на аукција, а познато е дека поседувал уште пет микроскопи – соопшти Џејмс Хислоп од „Кристи“.
Научната кариера на Дарвин почна со неговото истражување за морскиот живот во Фирт оф Форт, залив во Северно Море во близина на источниот брег на Шкотска. Пролетта 1827 година Дарвин го претстави својот прв научен извештај пред Друштвото за природни науки Плиниј на Универзитетот во Единбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.