Скандалозната фотографија на девојка заболена од ковид, која неовластено е фотографирана по приемот во болница, кога требало да направи ЕКГ, се шири низ социјалните мрежи и ја шокира јавноста, а надлежните порачуваат дека ќе направат се да го откријат и санкционираат оној кој тоа неовластено го направил.
Српски Курур дознава дека без свое знаење е фотографирана Анастасија М., во моментот кога се пресоблекувала во соба во привремената ковид болница во белградска Арена, додека околу неа се гледаат лекови и сталак со инфузија.
Фотографијата ја направиле по приемот во Арена, каде ми беше кажано да се соблечам, како би направиле ЕКГ. Дали требаше да гледам околу дали има камери и апарати, а притоа со висока температура, секоја коска во телото боли и имам воспалание на двете белодробни крила – објаснува за Курир, Анастасија М. која дозволила да се објави нејзината фотографија, но не и полното презиме.
Истакнува дека со ова загрозени и се човечките права и животот.
За ова ќе мора некој да одговара. Не знам чиј пропуст е, ама секако некој ќе мора да сноси одговорност за ова што ми е направено мене – порачува Анастасија, чии родители исто така се заразени со корона.
Се грижам за татко ми, кој во Земунската болница се бори за живот, се грижам за мајка ми која исто така е заразена и сега треба да гледам како моите фотографии кружат по социјалните мрежи. Срамота до кај дојдовме како луѓе и со што се занимааавт поединци – заклучува Анастасија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.