Руски научници забележале експлозија на метеор во Земјината атмосфера во реонот на западниот брег на полуостровот Камчатка.

Астрономнскиот феномен се случил утрото на 11 јануари кога научниците детектирале сигнал што укажувал на влегување на небесно тело во атмосферата.

Движењето на метеорот во погустите слоеви на атмосферата траело 55 секунди, објави „РИА Новости“ повикувајќи се на изјавата на Данила Чебров, директорот на локалната филијала на Единствената геодезиска служба на Руската академија на науките.

Според првичните податоци, пречникот на метеорот не бил поголем од 10 метри, а силата на експлозијата била еквивалентна на експлозија на еден до пет килотони ТНТ.

Научниците почнаа да го бараат сигналот за влегувањето на небесното тело во атмосферата откако на социјалните мрежи се појави снимка од летот и експлозијата на метеоритот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.