Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во понеделникот како досега не е видена со маска за лица, иако ја носи за време на купување намирници, бидејќи ја чува во тајност продавницата каде пазарува.

Меркел се насмеа кога на прес-конференција заедно со францускиот претседател Емануел Макрон новинар ја праша: Забележливо е дека не сме ве виделе со маска на лице. Како тоа?

Ако ги почитувам правилата за дистанца не ми е потребна маската. Но кога тоа не го можам, како што е за време на пазарување, на пример, тогаш очигледно не сме налетале еден на друг инаку би ме виделе со маска на лице, изјави Меркел.

Но, таа низ насмевка искоментира дека нема да открие каде оди да пазарува.

Меркел се соочува со раст на популарноста поради начинот како управува со корона кризата во земјата, со која Германија многу подобро се носи отколку поголемиот дел од нејзините европски соседи благодарение на раширеното тестирање, робусниот здравствен систем и огромните пакет-мерки за поддршка на економијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.