Актерот Џани Русо, познат по улогата на Карл Ричи во познатиот филм „Кум“, тврди дека имал афера со Мерилин Монро кога имал само 16 години и знае како таа навистина починала.
Тој во мемоарите пишува за многу интересни случки од неговиот живот, а исто така не пропушти и да се осврне на познатата холивудска убавица Мерилин Монро. Русо тврди дека таа не починала од предозирање, како што потврдила обдукцијата, туку дека ја убил Роберт Кенеди, брат на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.
Русо тврди дека тој на свои 16 години имал сексуална афера со Монро која што тогаш имала 33 години. Само три дена пред нејзината смрт, Русо се фотографирал со Монро, а зад камерата бил познатиот мафијашки бос Сем Гјанчана.
Мафијата сакаше да ги фати браќата Кенеди во тројка со Мерилин за да го уценуваат претседателот. Нивната цел беше да го уценуваат со цел претседателот да нареди инвазија на Куба. На тој начин тие сакаа мафијата повторно да ги контролира казината, тврди Русо кој што е убеден дека зад смртта на Монро стои Роберт Кенеди.
Според него, убиецот бил Роберт.
Друг не би ја убил. Мафијата тоа не би го направила. Им се допаѓаше. Таа беше девојка која за неколку таблети и пијачки, ќе заминеше со секого, тврди актерот кој што смета дека Роберт сакал да ја прикрие нејзината афера со Џон Кенеди.
Човек познат како „Доктор“ беше убиецот. Тој ѝ вбризгал воздух во вената. Монро почина од емболија, но на обдукцијата тоа изгледало како предозирање со дрога, тврди Русо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.