Холивудската актерка Мерил Стрип долго време со насмевка ја криела својата тага која ја носи со себе и пред неколку години одлучила да проговори за страдањата кои ги преживеала.
Животот нималку не ѝ бил лесен. Два пати била нападната, а еднаш криминалците толку многу ја претепале што таа се преправала дека е мртва за да престанат.
Еднаш бев нападната на улиците на Њујорк. Се преправав дека сум мртва за да престанат да ме тепаат. Беше тоа како да го гледам своето тело како паѓа од 20 метри висина, раскажала Мерил Стрип, која по нападот била на раб на смрт и едвај закрепнала.
Меѓутоа, тоа не бил крајот на ужасните случувања.
Мене и Шер, која ми е многу блиска, нè нападнаа и нè тепаа. Тогаш полудев и почнав да го удирам напаѓачот. За чудо, успеавме да ги избркаме напаѓачите, раскажала Мерил.
Меѓутоа, можеби најубавата, а воедно и најтрагична приказна за љубовта на нејзиниот живот е со колегата Џон Казале, во кого се вљубила пред четири децении. Џон бил постар од неа 14 години, а љубовта се родила од првиот момент кога се запознале во 1976 година.
Никогаш не сум запознала човек како него. Беше единствен, многу сочувствителен и љупобитен, рекла Мерил за Џон.
Иако многу се сакале, немале иднина, зашто Џон се разболел во 1977 година. Му било дијагностицирано дека боледува од карцином на белите дробови. Тоа било почеток на нејзината борба која траела до самиот крај – кога Џон починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.